Македонските одбојкарска и фудбалска селекција претрпеа убедливи порази од соодветните репрезентации на Италија, во натпреварите од Медитеранските игри во Мерсин, Турција.
Одбојкарите загубија со 3:0 по сетови 25:18, 25:20 и 25:19 во натпревар од 1.коло од групата Б, во која се уште и репрезентациите на Тунис и Алжир.
Шанса за „поправен“ нашите одбојкари ќе имаат в недела кога од 12 часот ќе го играат натпреварот со Тунис, а дуелот со Алжир од 3.коло е закажан за во вторник.
Фудбалската репрезентација на Македонија е поразена убедливо од Италија со 5:1 во натпревар од 2.коло на групата Б. Иако, нашите фудбалери го завршија првото полувреме со водство од 1:0, сепак во вториот дел, младите италијански играчи постигнаа дури пет голови.
Следниот натпревар фудбалската селекција на Македонија ќе го игра в недела (23 јуни) од 20:45, а противник ќе биде репрезентацијата на Тунис.