Колумбија: Министерот за финансии поднесе оставка, околу 20 загинати во протестите

Од:

Колумбискиот министер за финансии Алберто Караскила поднесе оставка по повлекувањето на неговиот предлог за даночни реформи, кој предизвика повеќедневни протести во кои загинаа околу 20 лица, а над 800 беа повредени.

– Моето остануавње во Владата ќе го отежнеше брзото и успешно постигнување консензус потребен за изготвување на нов предлог за реформи, изјави Караскила, кој е министер за финансии откако претседателот Иван Дуке дојде на власт во 2018 година.

Претседателот во неделата објави дека предлогот ќе биде повлечен и подготвен нов, по протестите во кои, според канцеларијата на народниот правобранител, биле убиени 18 цивили и еден полицаец. Министерството за одбрана соопшти дека 846 лица биле повредени во протестите, вклучувајќи 306 цивили, а 431 лице биле приведени во немирите кои избија за време на некои од протестите на 28 април.

Откако Владата ја ангажираше војската во некои градови, неколку невладини организации ја обвинија полицијата за употреба на огнено оружје кон цивили.

Министерот за одбрана Диего Молано тврди дека инцидентите за време на протестите биле „однапред испланирани и организирани“. Покрај тоа, пријавена е штета на 313 продавници, 94 банки, 69 станици за јавен превоз, 36 банкомати и 14 наплатни места.

Под притисок на масовните протести, кои започнаа на 28 април и продолжија во наредните денови, претседателот Дуке најави во неделата повлекување на даночната реформа претставена пред Парламентот на 15 април.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски