Белгиската група на „Анонимните“ објави 500 пораки од електронска пошта и ИП адреси на корисници на педофилски сајтови, како и податоци за некои од нив како поштенска адреса и телефонски број.
Федералното биро за компјутерски престапи ја започнало работата по тој случај. Претстои да биде проценето дали проверката ќе ги опфати само корисниците од списокот, или ќе ја засегне и групата на хакерите.
Според претставници на меѓународната организација за заштита на децата, единствено полицијата треба да интервенира во случаи на злоупотреба со деца онлајн.