Тајванската компанија ХТЦ го претстави најновиот смартфон Батерфлај С.
Уредот доаѓа со Супер ЛЦД 3 екран со резолуција од 1080 пиксели.
Батерфлај С има квад-кор процесор Снапдрагон 600 од 1,9 гигхерци, 2 гигабајти РАМ меморија, камера од 4 мегапиксели на задниот дел со УлтраПиксел технологија и камера од 2,1 мегапиксел на предниот дел. Внатрешната меморија изнесува 16 гигабајти, а смартфонот има квад-бенд ХСПА радио.
Батеријата на новиот ХТЦ е со одлични 3.200 мили Ампер часа.
ХТЦ Батерфлај С е достапен во сива, бела и црвена боја, а неговата цена изнесува 489 долари.