Вчера нешто пред 19 часот, четворица скопјани физички се пресметувале на улица во населбата Влае, откако претходно влегле во расправија поради недоразбирање во сообраќајот, соопшти МВР.
„На 29.04.2021 во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу М.М.(38) и Б.Д.(38), двајцата од Скопје, од една страна и Д.С.(28) и Д.Т.(26), двајцата од Скопје, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, се вели во полициското соопштение.
Ставот три од конкретниот член на законот се однесува на учество во тепачка во група, за што е предвидена казна од 700 до 1.500 евра.