Женската фудбалска репрезентација ги доби ривалките во квалификациите за Светскиот куп

Од:

Македонската женска фудбалска репрезентација ќе игра во групата „Д“ со селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург во квалификациите за Светскиот куп во 2023 година.

Во овие квалификации ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи со по шест тимови и три групи со пет селекции.

Натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година.

Победниците од деветте квалификациски групи ќе се пласираат директно на финалниот турнир во Австралија и Нов Зеланд, додека второпласираните во групите ќе играат баражи во октомври 2022 година.

Би можело да ве интересира

Време е за промена: Младите фудбалери и вторпат поразени од Косово

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он