Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави листа со земји на чии граѓани ќе им биде дозволен влез во државата без негативен ПЦР тест на Ковид-19, меѓу кои се и македонските граѓани.
Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, БиХ, Косово и Албанија, како и од Хрватска, соопштија властите.
Меѓу оние од кои не се бара проверка се и државите од источниот блок од кои традиционално има многу туристи во Црна Гора – Русија, Белорусија и Украина.