Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Од:

Двајца бугарски државјани се уапсени во Црна Гора за обид за убиство на лице во градскиот кварт во Подгорица.

Тие се осомничени дека вчераутро со чекани му нанеле неколку удари по главата и телото на едно лице, кое се здобило со неколку скршеници, соопшти Полициската управа на Црна Гора.

На лице место е извршена увид, одземени се предмети и траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Осомничените се идентификувани и истиот ден по нападот се обиделе да ја напуштат Црна Гора.

Тие се уапсени по кривична постапка во Одделението за безбедност во Подгорица, а за се е известен и обвинителот во Вишото државно обвинителство во Подгорица, кој делото го оквалификува како „убиство во обид“.

Би можело да ве интересира

Црна Гора бара екстрадиција на Алија Балијагиќ

Спречена голема тепачка помеѓу 60 малолетни ученици од Никшиќ

Горан Наумовски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје