САД ги поздравија последните британски напори за борба против светската корупција

Од:

САД ја поздравија Велика Британија за воведување на програмата Глобален режим за санкции против корупцијата, напоменувајќи дека „тоа го засилува партнерството меѓу двете земји во борбата против корупцијата и незаконските финансиски трансакции“, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

-Корупцијата го поткопува владењето на правото, ја ослабува довербата на граѓаните во нивните власти, го отежнува економскиот развој и го потпомага меѓународниот криминал и прекршителите на човекови права, истакна државниот секретар Ентони Блинкен.

Глобалениот режим за санкции против корупцијата ги засилува напорите на Велика Британија во справување со корупцијата на глобално ниво и се адаптира на тековните американски иницијативи за подобрување на способноста за соработка и координација на слични санкциски програми во однос на човековите права и корупцијата како Глобалниот акт Магнитски, се наведува во соопштението.

-Заедно со Британците и со другите сојузници и партнери, ќе бараме да ги промовираме наште заеднички вредности и слични инструменти. Корумпираните актери и нивните помагачи нема да имаат пристап до нашите финансиски системи, изјави Блинкен.

САД се надеваат на продолжување на партнерството со сите влади и граѓански општества кои го мислат истото – заштита на човековите права, борба со корупцијата и промоција на одговорно и добро владеење, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски