Тачи: На изборите на север само регистрираните на Косово

Од:

Примиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека на изборите во општините на северот на Косово може да учествуваат само политичките партии кои што се лиценцирани во Централната изборна комисија во Косово.

Тачи истакна дека секоја партија која што сака да учествува на изборите на Косово треба да се регистрира и да работи според косовските закони и стандарди.

-ОБСЕ ќе ги надгледува изборите во соработка со косовските институции-изјави тој.

Локалните избори на Косово треба да се одржат во октомври, а тогаш треба да се гласа и во четирите општини на северот на Косово, каде што Србите се мнозинство.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски