Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја закомпликуваа борбата за шампионската титула во Шпанија, откако синоќа загубија на гостувањето во Билбао кај Атлетик со 2:1 во рамки на 33. коло во Примера.
Билбао поведе во осмата минута преку Алекс Беренгер во осмата минута, израмни Стефан Савиќ (77), а победата на баскискиот тим му ја донесе Иниго Мартинез (86).
Атлетико и натаму го чува врвот на табелата со 73 бодови, но Реал Мадрид и Барселона сега имаат по два бодови помалку, а во игра за титулата е и Севиља, која заостанува четири бодови зад лидерот.
Во најдобра позиција е Барселона, која има натпревар помалку што треба да го одигра на 29 април против Гранада и со победа ќе го презеде водството на табелата. Барселона вчера триумфираше на гостувањето во Виљареал со 2:1.