Во Израел се испитуваат случаи на миокардитис после примена вакцина Фајзер

Од:

Израелското Министерство за здравство вчера соопшти дека истражува мал број случаи на воспаление на срцевиот мускул кај луѓе кои примиле вакцина на Фајзер против Ковид-19, но сè уште не дошло до заклучоци.

Според Фајзер, не е забележана поголема стапка на ова заболување отколку што обично се очекува кај општата популација.

Израелскиот координатор за одговор на пандемијата Нахман Аш рече дека прелиминарната студија покажала десетици појави на миокардитис што се случиле кај повеќе од пет милиони вакцинирани лица, пред сè по втората доза.

Аш додаде дека не е јасно дали ова е невообичаено високо и дали е поврзано со вакцината.

Како што е соопштено, повеќето случаи се пријавени кај лица на возраст до 30 години.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски