Седумнаесет уапсени Палестинци во уште една ноќ протести во Ерусалим

Од:

Седумнаесет лица се уапсени во ноќешните судири во Ерусалим и на влезовите кон палестинскиот Западен брег, соопшти израелската полиција, пренесе ДПА.

Стотици Палестинци се судрија со полицијата во близина на влезот Дамаск кон Стариот град. Според полицијата, демонстрантите кон нив фрлале камења и молотови коктели.

Според извештаите на медиумите, безбедносните сили користеле шок бомби.

Немири имаше и на влезот Каландија кон Рамала, а според палестинската Црвена полумесечина во судирите се повредени 12 арапски млади лица.

Израелската полиција денеска соопшти дека во текот на ноќта се уасени 17 осомничени лица.

Претпоставка е дека за најновите тензии во Ерусалим причина се големиот број ракетни напади врз Израел од страна на палестински милитанти во Појасот Газа и одмаздничките израелски ракетирања на воените позиции и инфраструктура на Хамас.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа