Приведен 72-годишник од Кичево во чиј дом е пронајдено оружје

Од:

Полициски службеници вчера лишиле од слобода кичевец, откако во неговиот дом биле пронајдени револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62 мм, соопшти денеска МВР.

– Вчера во 11:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода М.Б.(72) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62мм, се наведува во соопштението од Министерството.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва