По поплавите предизвикани од поројните дождови и топењето на снегот во југозападна Франција, северниот и источниот дел на земјата синоќа беше погоден од силно невреме, јави дописникот на МИА од Париз.
Од неверемето најпогодени беа регионите Бургуднија, Париз и Шампањ, каде беше регистрирана појава на град и ветер со јачина до 80 километри на час.
Само во Париз, пожарникарите за три часа добиил 6.462 телефонски повици за помош, колку што вообичаено добиваат за 24 часа. Околу 1.600 повици се однесувале на барања на помош поради поплавени визби и куќи.
Двокатните гаража во клиниката во Неји сур Марн беше целосно поплавен, а во Ноази ле Гран се урна дел од таванот на трговскиот центар во кој има околу 120 бутици и супермаркет.
Поради невремето беше нарушен и авионскиот сообраќај. Околу 15.000 домаќинства во Кот д’Ор останаа без електрична енергија, а педесетина куќи беа уништени од мини торнадото.
Во поплавите и надојдените води во јужниот дел на Франција, каде досега животот го загубија три лица, започна намалување на нивото на реките.
Силните поројни дождови се очекуваат до крајот на денот во целиот северноисточен дел на Франција.