Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Сер Кир Стармер ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина, објави Монд.

Така, според тој француски весник, по администрацијата на Бајден, чие време истекува на 20 јануари, лидерите на двете најмоќни европски земји сакаат да направат се што е во нивна моќ за да предизвикаат Трета светска војна.

Конкретно, тие планираат да испратат војници и приватни одбранбени компании во Украина, пренесува француски Монд, повикувајќи се на сигурни извори.

„Ова се чувствителни дискусии, од кои повеќето се доверливи, и се обновуваат во светло на можното повлекување на поддршката за Киев откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари 2025 година“, пишува францускиот весник.

Дебатата за испраќање војници во Украина, која беше иницирана од францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот меѓу сојузниците на Киев во Париз во февруари, беше жестоко оспоруван од некои европски земји, предводени од Германија.

Сепак, идејата повторно се појави во последните недели благодарение на посетата на британскиот премиер Кир Стармер на Франција на 11 ноември, додава весникот.

Би можело да ве интересира

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

(ВИДЕО) Украинците напредуваат: Се води голема битка, „змаевите заби“ не помагаат

Двајца повредени во руски напад на Запорожје

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Зеленски: Русија е единствената што ја продолжува оваа војна

(ВИДЕО) Украина: Русија изврши ракетен напад врз станбени згради и училиште во Суми