Дачиќ и Тачи ќе разговараат за спроведувањето на Договорот од Брисел

Од:

Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел ќе разговараат на работна вечера со Кетрин Ештон, за напредокот во спроведувањето на бриселскиот Договор, соопшти портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Маја Кочијанчиќ.

– Тие ќе разговараат во рамките на планот за имплементација, кој беше усвоен пред неколку недели, изјави Кочијанчиќ нагласувајќи дека тоа ќе биде можност да се направи оценка на досегашниот напредок во примената на договорот од април.

Како што пренесува Танјуг, Дачиќ изјави дека денешниот состанок со Тачи е клучен, бидејќи од него зависи што ќе содржи писмото од Кетрин Ештон и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Писмото на Филе и Ештон ќе има за цел да ги запознае земјите членки на ЕУ со се што досега е постигнато со договорот меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада