Претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг во денешното интервју за шпанскиот весник „Марка“ зборуваше за претседателот на Реал Мадрид и претседател на Супер лигата, Флорентино Перез.
– Себичен, себичен и многу пати себичен. Тој секогаш мислеше само на пари и на своите интереси. Супер лигата е меур од сапуница. Ова е измама кога клубовите добиваат пари не за спортски успех, туку за нивно присуство на турнирот. Никој дефинитивно нема да биде исфрлен од Шпанското првенство, не гледам причина дури ни да зборувам за тоа, рече Роиг.
Реал е еден од трите шпански клуба кои требаше да бидат дел од новото натпреварување кое требаше да им донесе стотици милиони евра приход на учесници.
По големите негативни реакции и откажувањето на учеството на англиските клубови, управата на Супер лигата, денес одлучи да го прекине проектот.