ВИДЕО: Напаѓач со нож избоде петмина луѓе во џамија во Тирана

Од:

Маж на 34- годишна возраст попладнево влегол во џамијата на улица „Патот на Каваја“ во Тирана и со нож повредил пет лица.

Со брза интервенција полицијата успеала да го совлада и како што информираше станува збор за Рудолф Николи од градчето Бурел.

Инцидентот се случил во 14:30 часот, кога во џамијата сега уапсениот Николи, кој, според очевидците, бил многу агресивен, почнал да напаѓа без да гледа кого боде со ножот, што создало хаос и стампедо во верскиот објект.

Повредените биле веднаш транспортирани до најблиската здравствен установа каде им е дадна соодветна лекарска помош и тие се вон животна опасност.

-Повредени се неколку наши браќа верници, како и неколку лица од џамискиот одбор. Освен во објкетот тој почна да напаѓа и лица на улица, кои за среќа усопеаја да побегнат. Се надеваме дека не станува збор за терористички чин туку дека напаѓачот е лице со ментални проблеми, изјави за агенцијата Балкан веб видно вознемирен имамот на џамијата Ахмет Калаја.

Увидна екипа и обвинител се на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим