Северна Кореја го негираше извештајот дека Ким Џонг Ун ги користел мемоарите на нацистичкиот водач Адолф Хитлер како пример за своето владеење и се закани дека ќе го убие авторот на тој натпис.
Во статијата објавена на сајт порталот кој што го уредуваат бегалци од Северна Кореја се наведува дека Ун на своите соработници им поделил примероци од книгата “Majn kampf” и побарал од нив да ја проучат вештината на раководење.
Тој наводно на одредени официјални лица за време на прославата на својот роденден им го поделил манифестот на германскиот диктатор, стои во натписот кој што се повикува на неименувано севернокорејско официјално лице кое што е на должност во Кина.
Приказната денес ја обелоденија сите медиуми во Јужна Кореја.
Меѓутоа севернокорејската безбедносна агенција, Извештајот го нарече „Трикратно злосторство“, кој што е насочен да го потцени нивниот водач и се закани дека ќе го убие авторот на тој натпис.
-Ние сме решени да преземеме широки мерки и физички да го отстраниме човекот кој што го направи предавството, се вели во соопштението кое што го објави корејската агенција „КЦНА“.
-Валканото човечко суштество нема да биде во состојба да го види небото, ниту пак ќе може да пронајде сантиметар на земјата и да биде погребан по смртта, се наведува во соопштението.
Северна Кореја се закани дека ќе преземе немилосрдни мерки за да ги казни Сеул и Вашингтон, обвинувајќи ги дека тие ги охрабриле бегалците да„ фрлаат кал“ врз нивниот водач, пренесува „Франс прес“.
Елена Георгиевска