Европската фудбалска федерација не планира во друга земја да го презакаже финалето на Лигата на шампионите закажано во Истанбул.
– Финалето на Лигата на шампионите 2021 година ќе се одржи на 29 мај 2021 година на Олимпискиот стадион во Истанбул, како што беше планирано, соопштија од УЕФА.
Состојбата со коронавирусот во Турција е влошена поради што неколку земји веќе го ограничија воздушниот сообраќај со оваа земја.
Според турското Министерство за здравство, дневниот пораст на случаи со коронавирус во земјата за 13 април повторно бил околу 60 илјади (59.187 лица).