СЗО: Над 4,5 милиони нови случаи на Ковид-19 во светот за една недела

Од:

Повеќе од 4,5 милиони нови случаи на инфекција со коронавирусот се пријавени низ светот за една недела, според неделниот епидемиолошки билтен на Светската здравствена организација (СЗО). Инциденцата се зголеми за 11 проценти во споредба со претходната недела.

Повеќе од 76.000 луѓе починаа во изминатите седум дена, што претставува зголемување на смртноста за седум проценти.

Заклучно со 11 април, вкупно 135.057.587 лица биле заразени со коронавирус, а 2.919.932 се смртните случаи.

Растот на нови случаи во Југоисточна Азија (за 63 проценти) и Источен Медитеран (за 22 проценти) е особено силен за оваа недела. Во исто време, во Африка инциденцата е намалена за 14 проценти, а во Европа – за четири проценти.

Смртноста е зголемена во Западен Пацифик (за 189 проценти), Југоисточна Азија (за 47 проценти), Источен Медитеран (за 19 проценти) и Европа (за седум проценти). Пад е забележан во Африка (за пет проценти), во Северна и Јужна Америка (за два процента).

Во Европа, повеќе од 1,6 милиони луѓе се заразени, а повеќе од 26.000 починаа за седум дена. Повеќе од 1,4 милиони нови инфекции и повеќе од 36.000 жртви се пријавени во Северна и Јужна Америка. Во Југоисточна Азија, здравствените власти идентификуваа повеќе од 965.000 заразени и повеќе од 6.000 смртни случаи.

Во Индија, случаите се зголемија за повеќе од 873.000 за една недела. Има повеќе од 468.000 нови случаи во САД, над 463.000 во Бразил, повеќе од 353.000 во Турција, над 265.000 во Франција, повеќе од 136.000 во Полска, Иран – над 128.000, во Аргентина – над 124 000, во Германија – повеќе од 112.000, во Украина – над 107.000, во Италија – над 103.000, во Колумбија – повеќе од 76.000, во Русија – над 60.000 и Перу – над 60.000.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа