НБ-МБА: Банкарскиот сектор е јавно добро од интерес на целото општество и тука нема мето за шпекулации

Од:

Банкарскиот сектор во годините досега и денес го претставува најздравиот дел на македонската економија и со тоа претставува јавно добро од интерес за целото општество. Тој ја игра водечката улога во одржување на вкупната макроекономска стабилност во земјата и затоа е потребно високо ниво на внимателност кога се работи за информации кои се однесуваат на банките и штедилниците, сметаат Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА), според кои, тука нема место за шпекулации и тенденциозни дезинформации.

Како што соопштуваат од Народната банка и Македонката банкарска асоцијација денеска е одржан работен состанок на претставници на банките и штедилниците и на Народната банка во врска со невистините и лажните информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со банкарскиот систем, а на штета на целата економија и општеството во целина.

– Банкарскиот сектор за секоја економија, а и за општеството во целина преставува најрегулираниот дел од економското живеење. Поради ваквата поставеност и значење на банкарскиот сектор во нашата економија, во трите децении независност, овој сектор ја игра водечката улога во одржувањето на вкупната макроекономска стабилност во земјата, стекнувајќи притоа доверба од нашите граѓани и компании. Како и во годините досега, така и денес, банкарскиот сектор го преставува најздравиот дел на македонската економија и со тоа претставува јавно добро од интерес за целото наше општество,наведуваат во соопштението во кое потенцираат дека времето во кое живееме со новите технологии и интернетот даваат многу можности, но за жал во голема мера се користат и за ширење лаги и дезинформации коишто ги вознемируваат граѓаните и имаат потенцијал да нанесат економски штети, се додава во соопштението.

Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА) укажуваат на потребата од високо ниво на внимателност кога се работи за информации коишто се однесуваат на банките и штедилниците. – Тука нема место за шпекулации и тенденциозни дезинформации и затоа ги повикуваат медиумите секогаш, пред да објават каква било информација поврзана со банките, штедилниците и банкарскиот сектор, да ја проверат од релевантни извори, за да можат да им ја пренесат вистинската слика на граѓаните и на економските субјекти, потенцираат двете институции.

Тие апелираат и до граѓаните и економските субјекти мошне внимателно да ги проверуваат информациите коишто излегуваат во јавноста поврзани со банките и штедилниците, бидејќи не е во прилог на јавниот интерес создавање какви било избрзани реакции коишто покрај тоа што го одземаат времето, создаваат и дополнителни трошоци.

– Злонамерни појави на ширење шпекулации и неточни информации имало и ќе има, а вообичаено се пласирани од личности кои покрај тоа што не водат сметка за својата одговорност, пред сѐ поради кратковидоста на своите лични интереси, не ги земаат предвид далекусежните влијанија на тие невистини врз јавноста и врз општеството во целина, наведуваат во соопштението и апелираат граѓаните и компаниите коишто имаат какви било прашања отворено да ѝ ги поставуваат на својата банка, на МБА или на Народната банка.

Тие посочуваат дека банките се транспаренти економски субјекти и се обврзани и редовно објавуваат повеќе податоци за своето работење, коишто може и треба да се следат од сите заинтересирани граѓани и компании.

Оценуваат дека само на тој начин може да се заштитиме од пласираните невистини и да донесеме основана одлука за банката со која соработуваме.

Би можело да ве интересира

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ