Јужнокорејската компанија Самсунг продолжува со бранот нови уреди, претставувајќи го новиот хибриден модел С4 Зум што е спој на телефон и фотоапарат во уред со екран со големина од 4,3 инчи, двојадрен процесор, 10х оптички зум и оптички стабилизатор на слика.
Овој хибриден модел доаѓа со двојадрен процесор од 1,5 гигахерци, 8 гигабајти интерна меморија и 1,5 гигабајти работна меморија. Уредот работи на Андроид 4,2 оперативен систем. Камерата на предниот дел е со резолуција од 1,9 мегапиксели. С4 Зум доаѓа со батерија со нешто поголем капацитет од 2330 мАЧ.
Очекувано уредот е нешто подебел и потежок од остатокот на линијата С4 модели. Тежината изнесува 208 грама и дебелина од 15,4 милиметри. Во продажба се очекува во август, а цената се уште не е позната.