Облечени како војници на македонска фаланга, просветители и партизани, членовите на „Туристичката стража“ позираат пред спомениците во центарот на Скопје.
Тие на странските туристи им ја објаснуваат богатата македонска историја. Групата од 8 члена на „Туристичката стража“ е постојано на мета на камерите и фото апаратите на туристите, кои доаѓаат да се сликаат со нив. Стражата ќе патролира секој ден освен недела, од 11 до 13 и до 18 до 20 часот. Но и во овој период, средношколците и студенти кои се облечени во дебели униформи од различни временски периоди, зовреа од топлото време.
Овој проект на град Скопје следува по промовирањето на возење со пајтон, кој исто по неколку дена, се редуцираше. Причина беше топлото време, но и уморувањето на коњите од движењето по градскиот асфалт.
Петар Клинчарски