Иванов-Рикер: Реафирмирана поддршката од САД за членство во ЕУ и НАТО

Од:

Главен приоритет на Република Македонија останува почеток на преговорите за членство во ЕУ и реализирање на поканата за членство во НАТО, за што земјата има силна поддршка од САД, е констатирано на денешната средба во Скопје на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со заменик помошникот државен секретар на САД Филип Рикер.

– Во тој контекст беа разменети мислења и информации околу актуелностите во разговорите за решавање на наметнатиот спор за името, како и за очекувањата од претстојниот Совет на Европската Унија, стои во соопштението од кабинетот на претседателот.

Во насока на реализација на стратешките цели на Република Македонија – полноправно членство во НАТО и ЕУ, беше констатирано дека двете земји ќе продолжат тесно да соработуваат.

Заменик-помошникот државен секретар на САД, пак, го потврди официјалниот став дека Вашингтон силно ја поддржува евроатлантската интеграција на Република Македонија.

Рикер ги поздрави заложбите и придонесот на претседателот Иванов во унапредување на меѓуетничките односи во Република Македонија преку поддршка на иницијативи и проекти, како што се „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ и „Спортски бонтон“, и го поздрави успехот на Школата за млади лидери, која под покровителство на Иванов се одржува четврта година по ред.

Заеднички е констатирано дека вистински начин земјата и регионот да одржат чекор и да се прилагодат кон новите трендови во сите области е токму преку инвестирање во младите луѓе и поттикнување на нивниот придонес во науката, претприемништвото и иновациите.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски