Започна собраниската седница за избор на претседател на Косово

Од:

Во Собранието на Косово попладнево, нешто пред 18 часот, започна седницата за избор на нов претседател на Републиката.

За нови шефови на државата се предложени Вјоса Османи и Насуф Бејта, и двајцата од редовите на владејачкото Движење самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти.

Според Уставот на Косово, за да биде избран за претседател на државата, за еден кандидат треба да гласаат две третини, односно 80 од пратениците во 120-членото Собрание.

Доколку во првите два круга ниеден од кандидатите не ги добие потребните гласови, во третиот круг се избира кандидатот што ќе освои 61 глас, но под услов да гласале најмалку 80 пратеници. Доколку и во третиот обид не се избере претседател на државата, Собранието се самораспушта и се закажуваат нови парламентарни избори, кои треба да се одржат во рок од 80 дена.

Кандидат на ВВ е Вјоса Османи, додека Бејта, според медиумите е пријавен формално, колку да се запази процедурата.

Денешната седница е продолжение на вчерашната, кога во првиот круг, во два обиди не беа обезбедени 80 гласа, односно гласаа 78 првиот пат и 79 вториот пат.

Претставници на ВВ пред денешното продолжение на седницата изјавија дека успеале да обезбедат 80 или 81 глас.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски