Маас: Мјанмар може да се соочи со граѓанска војна

Од:

Мјанмар може да се соочи со граѓанска војна како резултат на воениот удар во оваа југоисточна азиска земја, предупреди германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, пренесе ДПА.

-Армијата во рок од неколку недели го доведе Мјанмар на работ на катастрофа. Повеќе од 500 луѓе се убиени, а илјадници се во бегство, рече Маас во изјава за весниците на медиумската групација „Функе“ објавена денеска.

Маас побара сите меѓународни актери да го зголемат притисокот врз режимот за тој конечно да ги прифати понудите за разговори со своите партнери во АСЕАН.

-Никој во регионот не може да биде заинтересиран Мјанмар да тоне во граѓанска војна – дури ниту оние кои не се заинтересирани за спас на демократијата, тврди Маас.

Од пучот, што беше изведен на 1 февруари, војската насилно ги задушува протестите и досега се убиени најмалку 550 лица, од кои 46 се деца, наведува непрофитното Здружение за помош на политичките затвореници (ААПП), пренесе ДПА.

Во моментов, како приведени се водат 2.751 лице, а распишани се и 126 потерници.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска