Руски маневри на украинската граница ги загрижија САД и НАТО

Од:

НАТО денеска изрази загриженост за акумулирањето на персонал и опрема на руската армија во близина на украинската граница.

На состанокот на амбасадорите на НАТО, на кој се разговорало за неодамнешното зголемување на насилството во источна украинска област Донбас, официјален претставник на Алијансата за британските медиуми кажа дека Москва ги поткопува мировните напори во источна Украина.

-Сојузниците ја споделија својата загриженост за неодамнешните големи воени активности на Русија во и околу Украина. Сојузниците се загрижени и за руските прекршувања на примирјето договорено во јули 2020 година, што минатата недела доведе до смрт на четворица украински војници. Руските дестабилизирачки акции ги поткопуваат напорите за деескалација на тензиите, изјави неименуваниот претставник на НАТО.

САД денеска ја предупредија Русија да не ѝ се „заканува“ на Украина, која соопшти дека Москва концентрира свои армиски сили долж заедничката граница.

-Апсолутно сме загрижени за неодамнешната ескалација на тензиите и агресивните и провокативни активности на Русија во источна Украина, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

„Тоа, против кое би се спротивставиле, се агресивните активности насочени кон заплашување или заканување кон нашиот партнер Украина“, рече Прајс.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва