Ангеловски: Радувај се Македонијо и слави ги овие херои!

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, целата заслуга за историскиот триумф (2:1) над Германија ја препиша на неговите избраници.

– Моите фудбалери се изборија за овој историски успех. Победивме четирикратен светски и трикратен европски шампион кој имаше 20-годишна традиција без пораз. Кој, ако не ние, односно нашите фудбалери не ја срушат таа традиција. Тие се нашите спортски херои, тоа се истите кои ја кренаа на нозе нацијата по пласманот на Европското првенство. Сè уште не сме свесни што направивме. Радувај се Македонијо и слави ги овие херои!, рече селекторот.

Селекторот на националниот тим победата против Германија на гостински терен му ја посвети на македонскиот народ, на целиот медицински персонал во земјата, на неговите деца и на неговата сопруга која пред само неколку дена излезе од болница, каде се лекуваше од Ковид-19.

Ангеловски побара да не се создава еуфорија и како што рече, спуштени на земја да се продолжи понатаму во трката за пласман на Светското првенство, како и настапот на Еверо 2020 претстојното лето.

Би можело да ве интересира

Македонија забележа победа над Малта од 0-2

Игор Ангеловски е нов тренер на казахстанскиот Каспиј

Горица го отпушти Игор Ангеловски

Македонија во атрактивна група: Италија, Англија, Украина и Малта се ривалите за ЕВРО 2024

Горан Наумовски

Една година беше без работа – Игор Ангеловски ја презеде Горица

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски