УЕФА воведе правило за пет измени на Европското првенство

Од:

Репрезентациите на Европското фудбалско првенство што ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули ќе можат да извршат по пет измени во текот на секој натпревар, соопшти денеска УЕФА.

Правилото за пет измени беше воведено како привремена мерка поради проблемите околу фондот на играчи во услови на пандемија со кои се соочуваат екипите и во моментов се применува во европските купови и европските квалификации за Мундијалот 2022 во Катар.

-Со оглед дека причините за правилото за пет измени и натаму се валидни, а имајќи притоа превид дека правилото веќе се применува во квалификациите за Светското првенство, што се играат од март 2021 до март 2022, одлучено е примената да се прошири и на Европското првенство во јуни и јули 2021 година, соопшти УЕФА.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри