Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике е близу до закрепнување од повредата. Триесет и четиригодишниот фудбалер започна да тренира во општата група на каталонскиот тим, објави Марка.
Клубот се надева дека Шпанецот ќе може да игра со Реал на 10 април.
Пике нема одиграно натпревар од 3 март.
Барселона по 28 кола е втора во поредокот во шпанската Ла Лига со 62 бода, шест помалку од лидерот Атлетико Мадрид и два повеќе од третопласираниот Реал Мадрид.