Скопјанец пробал насила да влезе кај бившата сопруга, па нападнал полицаец пратен да го спречи

Од:

Скопјанка со иницијали М.К. вчера попладне пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Н.Ј.(47) се обидува насила да влезе во нејзиниот дом на улицата „Водњанска“, а кога пристигнала полицијата, тој физички нападнал еден од полицајците дојдени да го спречат во намерата.

„На 28.03.2021 околу 17.30 часот на ул.„Водњанска“ во Скопје, Н.Ј.(47) од Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна сопруга М.К. дека сакал насилно да влезе во нејзиниот дом,“ се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање на случајот против Н.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко