Повеќе од 614.000 нови случаи на коронавирусот се потврдени низ светот во изминатите 24 часа, а починаа 9.396 лица, објави Светската здравствена организација.
Според СЗО, во изминатиот ден се регистрирани 614.570 нови инфекции и 9.396 смртни случаи поврзани со ковид-19, со што вкупниот број на случаи на зараза од почетокот на пандемијата достигна 125,16 милиони, а официјалниот број на смртни случаи 2.748.737.
Најмногу нови инфекции – 44 проценти се регистрирани во Европа, по која следуваат Северна и Јужна Америка и Југоисточна Азија.
Соединетите Држави имаат најголем број заболени и починати од почетокот на пандемијата.