Samsung Galaxy S4 ќе поседува уште помоќен процесор од најновата серија Qualcomm Snapdragon 800.
Веќе лансираната верзија на Samsung Galaxy S4 е несомнено ѕверска машина и моментално најдобра во споредба со било кој друг смартфон, благодарение на сопствено развиениот осум-јадрен процесор Exynos Octa, додека втората варијанта исто така има рекордно моќен четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 600 процесор со брзина од 1.9 GHz.
Но, според новите информации кои доколку се покажат како точни Samsung Galaxy S4 ќе биде првиот смартфон со уште помоќниот четири-јадрен процесор Qualcomm Snapdragon 800 со многу поголем збирен капацитет. Овој смартфон треба да се појави наскоро.