Едни се борат со дождови, а други со високи температури – екстремните временски услови го преплавија светот.
Шведска потопена – толку количина на дожд немала повеќе од 200 година. За неколку дена падна речиси „двомесечна норма“ на дожд.
Во Полска, и покрај големите горештини, падна град што направи голема штета кршејќи стакла и покриви на многу домови.
Во Унгарија, фонтаните се полни со капачи, а луѓето се во редици за ладен напиток. Дури и ноќе кога заладува температурата е далеку над 20 степени.
Во Северна Америка ова е најтоплото лето во последните 120 години. Во Канзас сушата пустоши, а во соседното Колорадо едвај ги гасат шумските пожари. Огнот ја зафати и Калифорнија.
Москва ја погоди жештината уште во април. Некои денови беа најтопли во 130 годишната историја на метеролошкото набљудување во овој град.
Лекарите предупредуваат на внимателна употреба на клима – уредите во време на пеколните жештини.
Овој уред може само да ја избалансира и адаптира снагата на организмот. Оние кои ноќе спијат под клима уред, на крајот се разболуваат, а може да дојде и до воспалување на белите дробови.
Во жешкото време, главата треба да биде покриена, одредено време да се помине на отворено, а кога ќе се ожедни, наместо ладна вода да се пие топол чај, советуваат лекарите.