Почнува предизборната кампања во Албанија, во услови на полициски час и забрана за групирање

Од:

Еден ден пред официјалниот почеток на изборната кампања за парламентарните избори, што во Албанија ќе се одржат на 25 април, Комитетот на експерти за справување со пандемијата ги продолжи ограничувачките мерки за уште две недели.

Веста ја соопшти претседателката на комитетот и заменик министерка за здравство, Мира Ракацоли, додавајќи дека продолжува полицискот час и забраната за групирање.

Тоа значи негативен одговор на барањето на дел на политичките партии да се укине забраната за групирање и собири.

Според Ракацоли постои тренд на опаѓање на новозаразените, кој е стабилен, што е резултат на ефикасноста на мерките предложени од Комитетот, но и забележаниот позитивен тренд во почитувањето на мерките од страна на населението.

– И покрај намалувањето на инциденцата, сепак останува на нивото што сугерира дека состојбата продолжува да биде деликатна и незадоволителна, па затоа Комитетот одлучи мерките да останат на исто ниво уште две недели. Продолжува да биде истиот полициски час од 20 до шест часот, како и забраната за групирање на повеќе од 10 лица, истакна Ракацоли.

Таа додаде дека се уште не се размислува за отворање на унивезитетите, што значи наставата продолжуваат онлајн.

Во меѓувреме според Министерството за здравство во последното деноноќие Ковид-19 е дијагностициран кај 448 лица, од направените 2.475 тестови, а починале 15 лица, од 58 до 87-годишна возраст, сите во болнички услови. Во моментот активни на болеста се 32.931 лице.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Ристовски: Со економски мерки ќе таргетираме цена на леб 20 денари, на млеко 30 денари и на зејтин 40 денари

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он