„Фајзер“ тестира таблета против Ковид-19

Од:

Компанијата „Фајзер“, која ја лансираше првата одобрена вакцина против коронавирус, ја спроведува првата фаза на клинички испитувања на антивирусна орална терапија што може да ја земе пациент со Ковид-19 кога ќе ги развие првите симптоми.

Во случај на добри резултати, ова би можело да биде првата орална антивирусна терапија за коронавирус.

Таблетата се тестира во САД и се потпира на инхибитори на протеаза – ист вид технологија што се користи во антивирусни лекови за третман на ХИВ и хепатитис Ц, пишува „Форбс“. Студијата вклучува плацебо групи со студии за единечна и повеќе дози.

Компанијата проучува и интравенски антивирусен лек за лекување, кој сега е клинички тестиран на пациенти со Ковид-19.

„Заедно, овие два(орален и интравенски антивирусен агенс) имаат потенцијал да создадат третман што ја надополнува вакцинацијата“, рече главниот научен службеник на „Фајзер“, Мајкл Долстен.

„Фајзер“ ќе сподели детали за студијата и претклинички податоци на 6 април.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска