Принцот Хари најде работа во компанија за животен тренинг и ментално здравје

Од:

Британскиот принц Хари ќе се вработи во компанија за животен тренинг и ментално здравје, јавија светските медиуми.

Принцот ќе биде своевиден гласноговорник на американската стартап-фирма BetterUp, а во новата улога тој ќе учествува во иницијативи како одлуки за стратегии за доделување доброволни прилози, а и јавно ќе зборува за темите поврзани со менталното здравје.

Хари веќе е претставен и на веб-страницата на компанијата, чие седиште е во Сан Франциско. Според медиумите, тој го запознал директорот на BetterUp преку заеднички пријател.

36-годишниот принц и неговата три години постара сопруга, Меган Маркл, ја потресоа британската монархија со контроверзното интервју со Опра Винфри на почетокот на месецов, во кое изнесоа низа обвинувања на сметка на Бакингемската палата.

Двојката претходно предизвика шок во кралското семејство во јануари минатата година, кога соопшти дека Хари се откажува од правото на престолот, а двајцата отстапуваат од кралските должности и се селат во Америка.

Би можело да ве интересира

Корисници на социјалните мрежи зачудени: Хари и Меган одбија да ја пеат националната химна

А1он

Австралиска сенаторка ја нападна Меган Маркл: Еден ден Хари ќе зажали што се ожени со неа и што ја прекина врската со кралското семејство

А1он

Меган Маркл не можеше да ги задржи солзите додека го носеа ковчегот на кралицата

А1он

Принцовите повторно јавно понижени од своето семејство: Хари ставен во ист кош со својот блуден вујко Ендру

А1он

ВИДЕО: Вилијам и Хари го предводеа историското бдеење на внуците покрај ковчегот на Кралицата

Однесувањето на Меган ги налути фановите, длабоко се поклони пред ковчегот на кралицата: „Лицемерна е“

А1он