Корисници на социјалните мрежи зачудени: Хари и Меган одбија да ја пеат националната химна

Од:

Принцот Хари повторно му пркоси на кралското семејство на погребот на својата баба. Имено, „бунтовниот принц“ наводно бил снимен како ја држи устата затворена за време на интонирањето на националната химна.

Химната која сега гласи „Бог спаси го кралот“, поради монархијата на чело со кралот Чарлс III, беше свирена во одреден момент за време на погребната церемонија. Додека милиони луѓе ја следеа церемонијата во живо, набрзо почнаа да кружат теории на социјалните мрежи дека Хари одбил да ја пее националната химна, додека други сугерираа дека ниту неговата сопруга Меган Маркл не ја пеела.

„Дали само јас приметив или Хари и Меган не ја пееја националната химна“, праша еден корисник. На ова прашање следеле одговори од оние кои го забележале истото, пишува Мирор.

Да потсетиме, денеска за време на церемонијата принцот Хари заедно со неговиот вујко принцот Ендрју беа јавно понижени од кралското семејство. Имено, додека останатите членови на кралското семејство во поворката што го следеше ковчегот шетаа облечени во војнички униформи, двајцата одеа до нив во обични одела.

Тој детаљ не им избега на британските таблоиди, кои сугерираат дека ова појасно од кога било ја отсликува состојбата на нивното семејство.

Тие велат дека овој потег на сите им ставил до знаење дека принцот Ендру, кој е омразен поради сексуални навреди, и принцот Хари, омразен поради напуштањето на семејството и откривањето на неговите мрачни тајни, имаат еднаква позиција во очите на другите членови на кралското семејство. .

Исто така, за време на поворката, Хари и Меган одеа зад нивните деца, принцезата Шарлот и принцот Џорџ, наместо Вилијам и Кејт.

Би можело да ве интересира

Принцот Хари е нервозен

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

Меган Маркл подготвува голем проект

На принцот Хари му е одземена титулата на Неговото кралско височество

(ВИДЕО) Се огласи постарата жена со која принцот Хари ја загуби невиноста: „Траеше пет минути“

Предраг Петровиќ