Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез вечерва го постигна јубилејниот 500-ти гол во кариерата. Уругваецот на мечот со Алавес погоди во 54. минута и му донесе важни три бода на својот тим во борбата за шампионскиот трофеј.
Триесет и четиригодишниот Суарез постигна 198 голови за Барселона, 111 за Ајакс, 82 за Ливерпул, 63 за Уругвај, 19 за Атлетико, 15 за Гронинген, 12 за Национал.
Атлетико Мадрид по 28 кола е лидер во Ла Лига со 66 бода, шест повеќе од Реал Мадрид и седум од Барселона.