Граѓанин на Скопје, облечен во маица на ВМРО-ДПМНЕ, застана во редот да се потпише за петицијата за зачувување на изгледот на Градскиот трговски центар.
Тие што чекаа во ред, помислија дека е уште една провокација, кога се појави и праша што се случува тука.
-Што се правиме наивни ние?, му одговорија дел од граѓаните кои се потпишуваа на петицијата.
-Таа го видела ВМРО и сега таа знае, реплицираше тој. Откако му објаснија за што се работи, на крај се потпиша .
-Зошто да не ми се допаѓа, баш е добар. А ако има владата пари, нека го гради, рече тој.