Бугарка уапсена во Делчево откако мавтала со нож и се заканувала

Од:

Вчера во Делчево, 44-годишна жена од Бугарија која привремено живеела во градот, им се заканувала со остар предмет на нејзиниот невенчан сопруг и на неговите родители, по што е уапсена, соопшти полицијата.

„На 16.03.2021 во 22.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево, бидејќи претходно со остар предмет се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители,“ се вели во соопштението од МВР.

Лицето било задржано во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар