Одбрана на ГТЦ – Градскиот трговски центар да остане градски

Од:

Со петиција на влезот на Градскиот трговски центар  од 10 часот граѓаните ќе се потпишуваат за зачувување на автентичниот изглед  на ГТЦ, наместо да се префасадира во барок стил.

На иницијативата која потекна од Асоцијацијата на Архитекти на Македонија веќе и се приклучија сликари, вајари, архитексти, невладини организации кои се противат на насилното менување на ликот на трговскиот центар.

Вечерта во 19 часот околу ГТЦ, сите кои се противат на неговото исчезнување ќе формираат жив ѕид и симболично ќе ја испратат пораката дека го сакаат ГТЦ зашто тој е нераскинлив дел од иденитетот на Скопје, и на неговото градителско, историско и културно наследство, дел од многуте лични интимни приказни. Во петицијата која утре граѓаните ќе коже да ја потпишат пред влезот на ГТЦ пишува:

-Ние, граѓаните на Скопје, со нашиот потпис даваме поддршка за зачувување на автентичноста на еден од симболите на Скопје, објектот Градски трговски центар од проф. Живко Поповски и група автори.

Бараме да се признае вредноста на овој објект како едно од најзначајните архитектонски дела од периодот на Модерната во Скопје и да се поведе постапка за негова заштита како културно наследство на Македонија.

Бараме да престанат сите активности околу намерата за менување на изгледот и карактерот на објектот. Да не дозволиме да се направи историска грешка.

Бараме да се преземат мерки за подобрување на сегашната состојба на објектот и тоа само преку реставрација и програмско заживување на објектот.

Каква било интервенција врз него мора да биде во согласност и со почит кон оригиналната замисла на авторот.

Бараме за каква било интервенција да има јавна расправа со професионалци од струката и со граѓаните на град Скопје.

Архитектонското наследство на градот е извор на знаење, меморија и култура кој имаме обврска да го чуваме за наредните генерации.

Градски трговски центар е и живо наследство, клучна пешачка артерија во градот.
Бараме Градскиот трговски центaр да остане градски!

gtc-barok1

ГТЦ е изграден во 1973 година според проектот Живко Поповски и група архитекти, и е антологиски пример на македонската модерна. Авторот остави аманет да не се менува трговскиот центар, но и покрај тоа беше донесена одлука да добие барок изглед, со куполи, фигури и наместо отворен како сега, предвидено е целосно да се затвори од сите страни. Во продолжение на петицијата пишува

-ГТЦ е прилагоден на нашите климатски услови и има природна аерација, па во него е пријатен престојот во сите годишни времиња;

ГТЦ е отворен, јавен простор во кој можеме да разгледуваме излози туркајќи точак, со ролерки, шетајќи куче или со сендвич во рака и таа слобода на движење не смееме да дозволиме да се уништи со затворање со врати, нови фасади…

ГТЦ овозможува остварување, споделување, размена на многу мали, а важни социјални моменти;
На ГТЦ му треба само малку нега со реставрација преку отворен дијалог со оние кои ја обмислуваат неговата архитектура, а и со оние кои ја живеат неговата архитектура;
ГТЦ мора да остане автентичен, отворен, проточен, функционален…

Градскиот трговски центар мора да остане градски!

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов