Apple разгледува можности да претстави нов модел на iPhone со екран од 5,7 инчи, пренесе Ројтерс.
Apple се ангажира околу овие поголеми модели бидејќи е загрижен дека Samsung комплетно ќе го преземе пазарот со поголемите „фаблет“ уреди.
Петиот iPhone е најголемиот во семејството со 4 инчен екран, а исто така помал од сите популарни и нови телефони чија големина се движи од 4,3 до 5-инчи.
Retina дисплејот му дава предност на iPhone пред другите конкуренти, додека од другата страна, краткотрајната батерија е сериозен проблем за сите паметни телефони.
Ројтерс вели дека Apple размислува и за поефтин iPhone со пластични маски во различни бои.
Планот е поефтиниот модел да се обои во неколку бои за да се разликува од стандардниот скап модел кој доаѓа во црна и бела боја. Цената на овој модел би била околу 100 долари, иако според изворите оваа не е конечна одлука.