Јутјуб избриша повеќе од 30 илјади снимки со лажни вести за коронавирусот

Од:

Во последните пет месеци, Јутјуб избриша повеќе од 30 илјади видеа што ширеа теории на заговор за коронавирусот.

Портпаролката на Јутјуб рече дека снимките биле во спротивност со информациите кои доаѓаат од Светската здравствена организација и од други релевантни институции како што е британскиот NHS (јавен здравствен систем).

Во октомври минатата година, Јутјуб објави забрана за дезинформации за вакцините со цел да се потиснат обидите за дискредитација на глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19.

Компанијата наведува дека минатата година отстранила повеќе од 800 илјади снимки, кои ширеле дезинформации за пандемијата. Оваа бројка опфаќа поголем број објави околу вакцината против Ковид-19, но сите снимки кои споделуваат медицински неосновани тврдења за вирусот.

Отстранети се снимките кои ширеа тврдења дека вакцината убива луѓе, предизвикува неплодност или содржи микрочип што ќе биде вграден кај лицата кои се вакцинираат.

Во раните фази на пандемијата, пишува Би-Би-Си, Јутјуб беше своевидно прибежиште за многу теоретичари на заговор кои изнесуваа неосновани тврдења за Ковид-19, па дури и лажни тврдења за чудесни лекови.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски