Велковски: ВМРО-ДПМНЕ да ги одблокира законските предлози кои се во интерес на граѓаните

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со неодговорно, деструктивно дејствување, на штета на граѓаните и на државата. Свесно и намерно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци кочат важни законски решенија – вели пратеникот на СДСМ Диме Велковски.

„Граѓаните го гледаат таквиот антинароден и антидржавен однос на опозициската партија и затоа им следи нов изборен пораз веќе на локалните избори. Тоа, очигледно го знаат и во белиот дворец па затоа уште сега бараат алиби. Наместо блокади и деструкции, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да застанат зад граѓаните и нивните интереси. Со или без ВМРО-ДПМНЕ; реформите во интерес на граѓаните и на државата, продолжуваат. Како парламентарно мнозинство ќе најдеме начин да се реализираат сите предвидени мерки и политики во интерес на граѓаните“ – рече Велковски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет