Костовски бара оставка од Антикорупциска, не покажала интерес и не отворила предмет за Еуростандард банка

Од:

Трифун Костовски бара оставка од членовите на Антикорупциска комисија, поради непокренување предмет за стечајот на Еуростандард банка.

-Денеска изминуваат точно седум месеци од носењето во стечај на Еуростандард банка. Не можам да разберам да со таква леснотија ги маргинализирате моите повици дека се работи за организиран криминал со носењето на Еуростандард банка во стечај, каде се оштетени многу правни и физички лица, вклучително и ние акционерите. Вие како тело задолжено да се занимавате со вакви проблеми, па дури и како повод може да биде допрен глас, до денес не отворивте ниту предмет, ниту покажавте интерес за решавање или следење на овој мега скандал кој порано или покасно ќе пукне, наведува Костовски.

Додава дека местото на Антикорупциска е точно на браникот да ја преземе истрагата и да застане во одбрана на сите оштетени од овој стечај.

Според него, молкот од страна на Антикорупциска го сфаќа како аминување на организираниот криминал.

-Не заборавајте, вие сте платени со наши пари и должни сте да го браните нашиот интерес. Сервилноста на политичките структури не е во ваш интерес, а уште помалку во интерес на граѓаните. Ако не умеете да се справите со овој предизвик, тогаш јас барам оставка од сите членови на Антикорупциската Комисија, порачува Костовски

Во дописот до медиумите наведува дека чувството дека Народна банка е недопирлива е страшно.

– Гоните организиран криминал и корупција, а ги заобиколувате институциите кои во основа се
центар на ова општествено зло, вели Костовски.

Утрово соопштение до медиумите доставија и од Здружението на оштетени штедачи, наведувајќи пирмер за земен кредит, како што велат тие, на вересија.

Такви случаи, според нив, во ограбената Еуростандард банка има многу. -Интересни имиња, некои познати ликови, шоумени, бизнисмени, аналитичари, адвокати, браќа и сестри на високи функционери во државава, разни манипулатори и измамници. Имаме што да кажеме и да покажеме, велат од Здружението.

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?