„ВМРО-ДПМНЕ преку лагите и нивните медиумски курири намерно го поткопува процесот за набавка на вакцини, со што предизвикува директна штета на здравјето на граѓаните,“ обвинија денеска од СДСМ.
„Како многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, преку измислени конструкции се обидува да го девастира здравствениот систем и да внесе вознемиреност меѓу граѓаните. Владата и Министерството за здравство од самиот почеток ги користат сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители. Во процесот на набавка на кинеските вакцини, нема ништо незаконски, ништо нерегуларно,“ велат од владејачката партија.
„Лажните обвинувања без никакви докази за наводни провизии или нерегуларни постапки само ја потврдуваат заложбата и напорите на Владата и Министерството за здравство да обезбедат вакцини што побрзо за граѓаните. Од почетокот на пандемијата па до денеска, од ВМРО-ДПМНЕ гледаме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем и лажна загриженост за здравјето на граѓаните. Затоа беа казнети на изборите, ќе бидат казнети и повторно,“ се додава во соопштението од СДСМ.