Со 12,2 милиони денари реконструиран градскиот фудбалски стадион во Велес

Од:

По една година градежни работи заврши реконструкцијата на Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес. Исто така, реконструиран е и фудбалскиот терен со трибини за стоење, а воедно се изврши реконструкција и на соблекувалните. Вкупната инвестиција на Агенцијата за млади и спорт е 12,2 милиони денари.

Во посета и увид на изведените градежни активности на стадионот денеска беше директорот на АМС, Наумче Мојсовски заедно со градоначалникот Аце Коцевски и изведувачот а работите градежната фирма „Делта Пром“.

Во рамки на градежните работи за реконструкција, се уредија, реконструираа две трибини за стоење,една за домашна и една за гостинска навивачка група од страната на Градскиот парк со капацитет од 1500 гледачи.

Воедно се реконструира и зградата на соблекувалните за екипите. Во рамки на проектот се изврши замена на кровниот покривач и на внатрешната столарија со нова од ПВЦ, се постави термоизолациона фасада и се изврши реконструкција на дел од подовите во соблекувалните. Со проектот се обезбеди набавка на опрема за наводнување на фудбалскиот терен и нов систем за користење на соларна енергија за затоплување на вода за туширање. Истовремено се постави заштитна настрешница за излез на спортистите од соблекувалните до стадионот, се пренамени веќе постоечки објект во тоалети за посетителите. На дел од стадионот е поставена метална ограда.

– Задоволство е на Агенцијата за млади и спорт за изведената реконструкција и се надевам ќе продолжиме со одличната соработка со Општина Велес. На ред е изградбата на затворен школски пливачки базен. Се надевам дека ФК „Борец“ ќе продолжи со одличните игри кои ги имаше и досега во првата фудбалска лига и овој терен заслужува да има прволигашки статус, потенцира Мојсовски.

Тој најави и реконструкција на руинираната атлетска стаза околу стадионот која е неопходна за спортување на атлетичарите од велешките клубови и изградба на нивна соблекувална, како и реконструкција на поранешните стари ѕидови околу стадионот и изградба на пристапни патеки до стадионот за лицата со инвалидитет.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска